Монца преживеа – F1 останува до 2024

ОБЈАВЕНО НА:

По пишувањата пред две недели за очајната состојба на легендарната патека во италијанскиот град Монца како и можноста да изгуби место во Формула 1 календарот, конечно добри вести за љубителите на овој спорт.

Договорот е постигнат, парите се обезбедени, реконструкцијата стартува наскоро, а сето ова обезбедува место на календарот во Формула 1 до 2024 година, потврдуваат од италијанскиот авто клуб.

Оваа патека во 2022 година слави 100 години постоење, а пред овој јубилеј, Анџело Дамијани, првиот човек на авто клубот на Италија под знак прашалник ја постави нејзината иднина потенцирајќи дека оваа патека со Формула 1 има договор за само уште една година и дека се потребни големи финансиски вложувања за реконструкција на патеката и пропратните објекти.

Истиот тој сега со гордост ја потврди информацијата за продолжуваање на договорот со Формула 1, наведувајќи дека по овогодинешната трка која е јубилејна 70-т на патеката во Монца, најелиното мото натпреварување ќе се вози уште најмалку пет години.