Безбедноста е најважна: Дополнителни системи за возачите во Crossland X

ОБЈАВЕНО НА:

Во понудата на Crossland X сега се вклучени и дополнителни системи за возачка асистенција, што овозможува секојдневното возење да биде безбедно, комфорно и полесно. Она што го има во моделот е комплетно ЛЕД предни светла, хед-ап дисплеј, панорамска задна камера кој апокрива 180 степени, напредна асистенција при паркирање, предупредување за излегување од лентата во која се вози, препознавање на сообраќајните знаци, детекција на мртов агол.

Сега како опција во понудата се вклучува и предупредување за преден судар со детекција за пешаци и автоматско сопирање во случај на потреба, заедно со детекција за поспаност и предупредување за поспаност.

Системот за предупредување на опасност од преден судар со детекција на пешаци и автоматско сопирање во случај на крајна потреба врши мониторирање во сообраќајот пред самото возило со помош на Opel Eye предната камерта и способен е да детектира возило, во движење или паркирано како и пешаци. Овој систем се појавува како аларм и дава визуелно предупредување со примена на автоматско сопирање доколку растојанието во однос на другото возило или пешакот пребрзо се намалува а нема реакција на возачот.

Системот што ја детектира поспаноста е всушност продолжение од предупредувањето за поспаност на возачот, што е стандардно во Crossland X. Тој систем го предупредува возачот по два часа возење при брзина поголема од 65 км/ч. Овој проширен систем иницира предупредување доколку движењето на возилото сугерира дека возачот е сонлив или дека му попушта вниманието. Тоа го добива како порака на информационата табал заедно со звучен сигнал. По три сигнали о дпрво ниво, системот стартува второ предупредување со поинаква порака, исто така на информационата табла со гласен звучен сигнал. Системот се ресетира со 15 минутно возење при брзина под 65 км/ч.

Opel Eye предната камера процесуира различни податоци и на тој начин формира основа за системот на возачка асистенција како што е препознавање на сообраќајните знаци и предупредување при излегување од лентата во која се вози. Препознавањето на сообраќајните знаци прикажува претежно ограничување на брзината на информационата табла или хед-ап диспејот, додека излегувањето од ленатата во која се вози дава и звучно и визуелно предупредување, доколку Crossland X процени дека имало ненамерно напуштање на лентата.

И паркирањето во рикверц сега е покомфорно. Панорамската задна камера го зголемува аголот на детекција зад возилото за 180 степени, па возачот може да ги види возилата кои му доаѓаат од страна. покрај тоа најновата генерација на напредна асистениција при паркирање ги прпознава местата што одговараат и автоматски го паркира возилото.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK