Mercedes и Хамилтон доминираа со „еден-два“ победа во домот на Ferrari

ОБЈАВЕНО НА:

Поранешниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон покажа дека е во одлична форма, и тој и неговиот болид и со триумф го завршија гран при викендов во Монца. Mercedes триумфираше со „еден -два“ победа, а Луис Хамилтон со новите 25 бодови го презеде лидерското место во генерален пласман на возачи тво Формула 1.

Доминацијата на Хамилтон беше најавена уште во квалификациите каде беше освоена пол позицијата што е 69 во неговат акариера надминувајќи го рекордот на Михаел Шумахер.
Тоа продолжи и на трката каде водеше од почеток до крај, а неговиот тимски колега Валтери Ботас од четвртото место на стартот стигна до второто на подиумот. На третото место се искачи Себастијан фетеле од Ferrari.

Сега на табелата кај возачите Хамилтон има 238 бода, а Фетел е втор и заостанува за три бода. Колку што беше неинтересно да се следи доминацијата на Хамилтон, толку симпатии привлече Даниел Рикардо од Red Bull бидејжи стартуваше како 16. а стигна до четвртото место.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK