Ф1 трка во Австралија без гледачи? Нема шанси, вели организаторот

ОБЈАВЕНО НА:

Во време кога во Европа се повеќе спортски настани се одржуваат без присуство на гледачи, а такви најави има и од други континенти, па дури и откажувања на големи настани што се одржуваат повеќе денови поради коронавирусот, од Австралија стигнуваат други вести. Првата Гран При трка од Ф1 првенството закажана за викендов во Мелбург ќе се одржи со гледачи на трибините. Такви вести стигнуваат од организаторите.

За разлика од Австралија, домаќините на трkата во Шангај во април истата ја одложија, а трката во Бахреин закажана за 22 март ќе се одржи без гледачи.

Во меѓувреме во Австралија без проблеми се одржуваат големи натпревари со пристство на публика. Така во неделата беше финалето на женскиот светски куп со присуство на 86.000 гледачи.

Повеќето Ф1 тимови се со свое седиште во Англија, но Ferrari и Alpha Tauri (Toro Rosso) се лоцирани во Италија. Тие се во критичната маса. Според информациите од домаќините на трката во Австралија, тие ги чекаат сите тимови, па и оние на Ferrari да пристигнат во следните 12 до 24 часа со целиот нивен персонал.

Првите тренинзи во Мелбург се закажани за во петок, а трката се вози во недела изутрина по европско време.