Тренески најбрз Македонец во Twingo Cup – Стартува од 10. место на Slovakia Ring

ОБЈАВЕНО НА:

Владимир Тренески на својата прва трка сезонава во Twingo Cup успеа да биде најдобриот Македонец во квалификациите возени во Словачка, на патеката Словакија Ринг. Од вкупно 8 македонски возачи, Тренески имаше најдобро време, и беше 10-ти во генералниот пласман во квалификациите. Тој не возеше на првите две трки во Унгарија поради Ковид-19, а сега се враќа како најсериозен кадидат за висок пласман.

На трката во Словачка нема да вози Слободан Трајковски кој пред самото заминување стана татко, па остана во Скопје. Тој беше второпласиран меѓу македонските возачи на втората трка во Унгарија.

На првите десет места во квалификациите, осуммина се Словенци, а само Михајло Младеновиќ од Србија и Владимир Тренески од Македонија успеаја да се вмешаат. На Twingo Cup во квалификациите возеа 27 возачи од пет земји. Најбројни сеа возачите од Словенија и од Македонија. Најбрзо време постави Ник Стефанчич, пред сонародниците Рок Церар и Том Грундфелд.

Од другите Македонски возачи Мартин Костовски го освои 14 место, Давид Малинковски беше 16, а Милан Ѓорѓевиќ ќе тргне од 18 место. Пех имаше Емил Нацка кој беше удрен од еден од натпреварувачите кој се изврте, па возилото на Емил беше оштетено. Но, на првата трка тој ќе го вози автомобилот на Иван Стефановски кој исто така не е тука на трката.

Возилото на Емил Нацка нема да може да се трка денеска. Тој ќе настапи со автомобилот на Иван Стефановски

По првите две трки во генералниот пласман на првенството на Македонија во Twingo Cup води Мартин Костовски со 30 бода, пред Ангелче Стојковски со 27, Давид Малинковски има 24 бода, аМилан Ѓорѓевиќ има 20 бод.

Првата трка од Twingo Cup на Slovakia Ring се вози денеска во 14 часот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK