Audi RS Q8 постави нов рекорд на Нирбургринг (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Audi RS Q8 е новиот брзински владетел на патеката во Нирбургринг откако во конкуренција на SUV возила постави најбрзо време.

Спортската изведба на Q8 патеката од 20,8 километри ја помина за време од 7:42:253 минути што е најдобро време досега со што го помина рекордот поставен од Mercedes-AMG GLC 63 S.

Најголемо влијание врз поставување на рекордот деефинитивно имаше моќниот 4,0 литарски twin-turbo V8 моторсо 600 КС и 800 Nm обртни моменти. Овој мотор при тоа овозможува да до 100 км/ч забрзува за 3,8 секунди, а максималната брзина која ја постигнува изнесува 305 км/ч.

Овој резултат е предизвик за останатите SUV конкуренти, пред се Mercedes, BMW и Alfa Romeо чиј SUV возила во минатото поставуваа брзински рекорди.