Авто трките во Македонија заживеаја – борбата за власт во АФМ продолжува

ОБЈАВЕНО НА:

Ако мислевме дека речиси деценискиот спор во Автомобилистичката федерација на Македонија (АФМ) заврши и дека се смирени сите страсти тогаш изгледа сме згрешиле. Само 16 месеци откако дел од клубовите одржаа Собрание и избраа нов претседател – Виктор Давидовски, стигна нов ладен туш. Централниот регистар го избриша Давидовски кој дотогаш беше претседател и го потврди за овластено лице на Федерацијата Ранко Станојковски. Тој е претседател за спорт. Според решението од ЦРМ претседател на АФМ е Павле Доневски.

И не само што има ново овластено лице, туку запишувањето на претседателот за спорт е проследено со нов пречистен статут донесен на 29 мај 2019 година. А статутот се носи на Собрание. Се обидете ли да сфатите всушност кој се жали за што, кој се натпреварува а кој бојкотира, кој вози во Македонија а кој надвор со странска лиценца и пред се кој е вистинскиот претставник на автомобилџиите? Колку клубови имаме, колку функционираат?

Сега рашомонијадата во авто спортот во МАкедонија продолжува, а најмногу збунети се токму клубовите. Првенството почна да се одржува. Донесен е календарот, а овој месец се возеше и трката на Водно. Сезонава тргна и Twingo Cup кој се вози во рамките на првенството и на истите патеки. Наизглед се добро.

http://afm.com.mk/wp-content/uploads/2019/06/RESENIE-CENTRALEN-REGISTAR-013.pdf

За да не пропадне проектот Twingo Cup привремено но и да продолжи сезоната „ се закопани секирите“, но само делумно. Клубовите организатори кои претходно не беа дел од АФМ (оној претходниот) сега набрзина се примени како привремени членки, до следното Собрание. Twingo Cupоt се вози…. Но, очигледно недостасува комуникација, известување во јавноста кој и што организира. И пред се, кој е претседател генерален секретар.

Преку ноќ исчезнаа поканите за прес-конференциии, известувања од трка, резултати. А толку силно тргна претседателството лани кога беше избран новиот претседател. Очигледно и тие имале „пролизгување“ дур се движеле.

Правно и двете страни се надмудруваат. Засега трките се врват…. Тоа е најважно. Но, ако несогласувањата и борбите за власт пак донесат апстинирање, невозење, тогаш пак ќе западнеме во криза, ќе паднеме во дупка од која сигурно тешко ќе се излезе.