Ако сакате да бидете подобри: Oбуки и кампови за напредни мотокрос и ендуро возачи

ОБЈАВЕНО НА:

За прв пат во нашата држава, МК Ендуро Тим Водно и OffRoadExperience во соработка со еден од најдобрите Европски Мотокрос возачи, Христијан Илиовски ке организираат еднодневни и повеќедневни обуки и кампови за напредни мотокрос и ендуро возачи.

Обуките ке се оддржуваат во ограничена група на различни мотокрос патеки низ нашата држава, а потенцијалните возачи ке можат да ја усовршат својата техника со сопствен мотор и опрема (ке постои и опција за изнајмување на мотор и опрема).

Сведоци сме дека Off Road  дисциплината во мотоциклизмот има се поголема заинтересираност кај љубителите на октаните, а исто така и МХ натпреварувањето. Првиот тренинг на МХ Академијата е закажан за  16.05.2021 (недела), на добро познатата патека Орман во Скопје.

МХ Академија е направена се со цел Христиан да го пренесе своето искуство и знаење на сите возачи( аматери или професионалци)кои ке бидат  вклучени во Академијата.

Право на посета на оваа Академија има секој возач кој веќе има МХ или Ендуро искуство, без разлика на кое ниво е неговата техника на возење( освен почетници)без ограничување на старосната граница (задолжително присуство на родител за малолетни учесници).

Вашиот мотор треба да биде технички исправен. Исто така со Вас мора да имате соодветна заштитна опрема ( кацига, панталони, чизми, штитници за колена, боди армор, ракавици, наочари). Доколку немате, ќе постои можност за изнајмување со претходна најава.

Доколку во моментот немате мотор или Вашиот мотор не е технички исправен, постои можност за изнајмување на мотор.

За сите дополнителни инфорации може да се обратите на;

+389 76 20 20 10

enduro-vodno@t.mk

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK