Знаете ли зошто автомобилите се сè поскапи: Само електрониката чини 40 проценти од новото возило

ОБЈАВЕНО НА:

Во поново време автомобилите навистина станаа вистински „компјутери на тркала“ како што многу сакаат да ги нарекуваат. Технологијата ја има сè повеќе, сигурноста се крева на сосема ново ниво, а тука се и многу системи за полуавтономно возење. Најосновните модели, пак, денеска имаат ставки кои пред десетина години можеле да се замислат само во луксузните модели на премиум класата. Тоа секако ја крева и цената на автомобилот со оглед на тоа што сета спомената технологија чини многу.

Компанијата Deloitte има направено големо истражување во кое открија како автомобилската инфустрија се има многу изменето, а како пример се наведува дека во 2004 година само 25% од автомобилите имале воздушни перничиња, а помалку од 50% имале седишта кои се подесувале на струја. Покрај тоа, помалку од 20% од автомобилите биле опремени според прописите како ESP, странични воздушни перничиња, систем за надзор на притисокот во гумите, странични сензори на системите за надзор на возудх во гумите и надзор на мртов агол. Во 2017 година споменатите системи ги имало кај повеќе од 80% од возилата. Денес системите како оној за надгледување на притисокот во гумите се задолжителни кај сите нови модели.

Веќе споменатите системи се некоја „основа“ по прашање на безбедноста и технологијата. Модерните модели денес имаат адаптивни темпомати, модерни и напредни мултимедиски системи кои понекогаш користати вештачка интелигенција (Mercedes Me) како и можност за поврзување по пат на апликации или Bluetooth. Автомобилот денес стана на некој начин „батлер“ на својот возач, а многу функции за кои пред 10 години не сте ни сонувале сега ви се на дофат на рацете.

Сето тоа влијае и на цента на автомобилот. Сите споменати технологии ги зголемуваат трошоците и ја креваат крајната цена на автомобилот, а според резултатите на Deloitte, разликата во процентот на трошоците е масивна. Така во 2000 година електрониката на автомобилот претставуваше 18 проценти од трошоците за производство на целиот автомобил, додека денес електрониката е „заслужна“ за 40 проценти од трошоците на новиот модел. Се очекува и натамошен раст, па во 2030 година тојтрошок би требало да биде дури 45 проценти.

Значи, новите автомобили се понапредни, едноставни за користење (благодарение на многу системи за помош, сензори, камери), но и покрај сите тие предности, јасно e дека се и поскапи од претходно. Кога на тоа ќе се додадат огромните трошоци јасное дека крајната цена на новиот автомобил често за жал го одбива просечниот купувач…

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK