Каде е најевтинoто, а каде најскапото такси во светот?

ОБЈАВЕНО НА:

Кога човек се наоѓа во странство зависи постојано од локалниот транспорт, а најлесниот начин за да успее да дојде до непознато место е такси возилото. Сезоната за одмор е во тек, а сајтот taxi2aiport.com ги спореди цените на такси услугите во различни држави. Користената „мерна единица“ е растојанието од 5 километри.

Сајтот е посредник за такси резервации и работи во 130 држави низ светот. Од собраните податоци се дојде до податок дека најевтино е возењето со такси во Египет и изнесува 0.84 евра на 5 километри. Следува Индија со цена од 1.29 евра, Тајланд (1.41 евра) и Индонезија (1.68 евра). Под 2 евра таксито е и во Малезија (1.70 евра) и Мексико (1.80 евра).

Услугата е значително поскапа низ државите во Европа. Во Шведска за пет километри патување ќе ви бидат потребни 9.91 евра, во Франција точно 10 евро, а во Велика Британија 10.08. Стапката на километар на островот е 2.96 евра и е една од највисоките. Уште поскапо е во Австрија (11.60 евра), Белгија (12.90 евра), Холандија (13.40 евра) и Германија (13.80 евра).

Двете држави во кои патниците ќе потрошат најмногу се Јапонија со цена од 15.64 евра за 5 километри и Швајцарија 22.68 евра.

Кога е Македонија во прашање тука се наплаќаат 25 денари за километар. Кога на тоа ќе се додадат и 40 денари за старт се доаѓа до сума од 165 денари за 5 километри.