Хотелите на Црно Море во Бугарија даваат попусти за да ја спасат сезоната

ОБЈАВЕНО НА:

Ако се уште се мислите каде да одите на одмор, а сметате дека она што го нуди нашиот јужен сосед е премногу скапо за вас тогаш треба да размислите за Бугарија.

Повеќето од хотелите на бугарското крајбрежје на Црното Море нудат попусти од 10 до 30% за да ја спасат сезоната и да ги пополнат нивните капацитети. Во минатото Несебар и Варна беа интересни места за летување на македонските туристи.

Дел од причините поради кои сместувачките капацитети остануваат слободни се недостаток на рани резервации, одлив на туристи од Русија и Германија, како и активирање на конкурентскиот пазар во Грција и Турција, информира БНТ.

Намалувања особено она „last minute“ има и во Грција и во Турција. Сепак, на Црно Море оваа година бугарските хотелиери гледаат повеќе Французи и Полјаци. И особено во Варна неодамна пристигнале два автобуси со кинески туристи.

Според бугарските тур-оператори државата треба да ги насочи парите за рекламирање кон „заборавените“ пазари како што се Полска, Украина, Чешка и Естонија.

Па ко се усште се мислите, малку разгледајте по интернет. Сигурно ќе најдете некоја интересна понуда за Бугарија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK