Разрешена мистеријата – еве како Ким Џонг-Ун ги набавил луксузните автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Се почестите појавувања на лидерот на Северна Кореа, Ким Џонг Ун и неговите состаноци со високи државници на виделина го изнесоа возниот парк на овој лидер, каде доминираат луксузните Mercedes лимузини.

Веднаш потоа политички лидери и функционери на администрацијата на Трамп и Европската Унија испратија барање до Mercedes со цел да добијат објаснување како и покрај санкциите против Северна Кореа овие автомобили завршиле во оваа земја.

Од германскиот производител на сето ова излегоа со соопштение дека тие не експортирале автомобили во оваа земја и не знаат како истите стигнале во Пјонгјанг. Сето ова ги иницираше западните медиуми да го активираат своето истражувачко новинарство со цел да ја разрешат мистеријата.

Исрагата покажала дека холандскиот град Ротердам е местото каде започнало се. На пристаништето на овој град биле товарени автомобилите кои се упатиле во Кина. Оттаму истите се упатиле кон Јапонија и тоа во неколку разделни пратки. Потоа биле товарени на нов брод, исто така во разделни пратки каде се упатиле кон Јужна Кореа.

Сега на сцена настапиле руски бродови чија крајна дестинација бил Владивосток, но на пат кон овој руски град бродовите тајно посетиле корејско пристаниште каде ги растоварале автомобилите.

На овој начин Ким Џонг-Ун ги набавил луксузните автомобили Mercedes S600 Pullman Guard и Mercedes Maybach S62.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK