Авиокомпанија воведува места за спиење – во економска класа (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Постојат луѓе кои можат да спијат насекаде, во секое време и во секоја позиција, вклучувајќи го и седиштето на авион во економска класа. Сепак, многумина не се чувствуваат удобно на седиштето, за да се опуштат и да потонат во сон.

Специјално за тие лица, Air New Zealand ги пантентирше своите „Economy Skynest“ – кои се резултат од тригодишни истражувања, развој и тестови врз основа на тестирањата од над 200 клиенти во хангар во Окленд.

Според соопштението на Air New Zealand, Skynest (или Гнездо во небото) ќе содржи шест кревети во економската класа. Точната местоположна во авионот допрва ќе се утврдува.
Секоја кабина ќе биде со должина од два метри, а креветите ќе имаат перници, чаршафи, ќебе, тапи за уши и завеси за приватност. Авиокомпанијата ја истражува и можноста за предложување на дополнителни функции како светла за читање и USB порт.

Засега не е точно познато кога креветите за спиење ќе се најдат во авионите. На крајот на краиштата тоа е авиокомпанијата која веќе ја докажа својата ангажираност да ја направи економска класа поудобна, ако се има предвид дека повеќето од летовите се долги. Таа ја стартуваше „Economy Skycouch“ во 2011 година што им дозволува на патниците кои патуват заедно да ги трансформираат седиштата во крвет.

Во авиокомпанијата допрва ќе работат и на одредувањето на расходите и сè уште се оценуват трговските понуди и одржливоста на производите. Сепак, имајќи го предвид фактот дека има само шест кревети во еден авион се очекува да има и голема побарувачка. Оттаму уште не е јасна и цената која ќе биде поставена.

Се ооопштува дека авиокомпанијата ќе донесе конечна одлука за Economy Skynest во 2021 година откако ќе ги оцени резултатите од првата година на летовите од Окленд до Њујорк кои се очекува да почнат од октомври ова година. Тој лет ќе трае околу 17 часа и 40 минути во еден правец што го прави еден од најдолгите во светот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK