Се продава редок примерок од Alfa Romeo Disco Volante – произведени се само седум

ОБЈАВЕНО НА:

Познатиот швајцарски трговец на ретки автомобили, Ники Хаслер, на продажба ја понуди Alfa Romeo Disco Volante Spyder.

Станува збор за еден од вкупно седумте специјално прозведени примероци. Таканарачената British racing green боја додава дополнителна привлечност на екстериерот, а ентериерот во зелена боја со комбинација на кожа и алкантара дава привлечност и во внатрешноста.

Располага со 4,7 литарски V8 мотор кој продуцира 450 КС и 470 Nm обртни моменти, мотор развиен од страна на Ferrari кој исто така се користи и кај Alfa Romeo 8C.

Alfa Romeo Disco Volante Spyder

Disco Volante е називот на оригиналниот модел на Alfa Romeo кој се произведуваше во 1952 и 1953 година. Тогашниот 3,5 литарски мотор даваше одлични брзински перформанси поради што овој модел беше неизоставен дел од сите популарни авто-мото натпреварувања

Цената не е позната, но сигурно ќе биде приближно еден милион евра.

За потсетување, Disco Volante е називот на оригиналниот модел на Alfa Romeo кој се произведуваше во 1952 и 1953 година. Тогашниот 3,5 литарски мотор даваше одлични брзински перформанси поради што овој модел беше неизоставен дел од сите популарни авто-мото натпреварувања.

Оригиналните модели денес се продаваат по цена од неколку милиони евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK