Austria Airlines предвидува: Авиобизнисот нема да се опорави пред 2023 година

ОБЈАВЕНО НА:

Во време кога низ целиот свет има пандемија од коронавирусот еден од бизнисите што сигурно ќе претрпи големи штети е авиобизнисот. Во моментов сите авиони во Европа се приземјени, патничкиот сообраќај е прекинат, а компаниите размислуваат како да продолжат откако ќе заврши сево ова.

Извршниот директор на „Аустрија ерлајнс“, Алексис фон Хоенсброех изјави дека не гледа дека побарувачката ќе се опорави барем најмалку 2023 година поради пандемијата „КОВИД-19“. Авиокомпанијата е во сопственост на „Луфтханза груп“ и се подготвува за операции по завршувањето на кризата со коронавирус, и во соопштението што го издале се вели дека се очекува огромен пад на бизнисот.

Наведувајќи ги ограничувањата на коронавирусот во Австрија и затворањето на границите и ограничувањата за карантини во странство, авиокомпанијата со седиште на Виенскиот аеродром минатата недела ја продолжи суспензијата на летовите до 3 мај. Заедно со приземјувањето на целата своја флота, австрискиот национален превозник објави дека ги става своите 7.000 вработени на скратено работно време.

Аустриа ерланјс првично ги прекина летовите на 19 март. Изјавата на „Австрија ерлајнс“ доаѓа откако австриската федерална влада во вторникот објави дека целосната слобода на патувањето на Австрија е нешто што нема да се случи во блиска иднина. Имајќи го ова предвид, австриски ерлајнс очекува летното патување во 2020 година да биде некаде помеѓу 25-50% помалку од истиот период претходната година.

„Австрија ерлајнс“ предвидува значителен пад во 2021 година. Сметаат дека нема да ги види бројките од остварените патувања од пред-коронавирусот барем не пред 2023 година.

Земајќи ги предвид сите овие предвидувања, „Австрија ерлајнс“ сега се подготвува за предизвикувачките времиња што претстојат, со тоа што ќе подготви план да одговара на новата реалност на намалените броеви на патници. Светот во кој ќе летаме ќе биде различен. Луѓето повторно ќе патуваат, но економијата, туризмот и потребите на патниците ќе се променат по кризата во Корона. Ние ќе ја усогласиме нашата компанија да го совлада овој предизвик, вели Алексис фон Хоенсброех, извршниот директор на Аустриа ерлајнс.