Honda Civic Type R во продукциска верзија во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

Откако на повеќе изложи и саеми Honda го покажуваше моделот Civic Type R prototype сега дојде време за промовирање на продукциската верзија што ќе биде покажана на саемот во Женева.

Новиот модел ќе биде на истата стартна позиција како и Ford Focus RS И Volkswagen Golf R. Овој „тркачки“ модел се развиваше заедно ос стандардната верзија со пет врати.

Засега не се познати бројките околу можностите на возилото, но автомобилот ќе има 2.0 литарски VTEC турбо бензински мотор. Уште при претставувањето на протоип верзијата се навестуваше дека моделот ќе може да испорача повеќе од сегашните 306 КС.

Откако ќе биде покажана во Женева моделот ќе почне да се произведува во фабриката во Свиндон летово. Од таму ќе се извезува во Европа и на другите пазари, вклучувајќи го за првпат и оној преку Атлантикот, во Северна Америка.

На штандот на Honda во Женева покрај оваа верзија на Civic Type R ќе биде покажан и NeuV (New Electric Urban Vehicle) концептот и Clarity Fuel Cell.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK