Први силуети на новиот Renault Espace (Фото+Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Renault ги објави првите слики од својот целосно нов модел – Espace, кој ќе биде претставен на светот на пролет оваа година.

Откако објави дека неговиот нов модел ќе се вика Espace, Renault открива две силуети на тој иден SUV со 5 и 7 седишта. Играјќи со контрастите на светлината и темнината, овие силуети го навестуваат надворешниот дизајн и вкупната должина на новиот Espace.

Зад компактните надворешни димензии (4,72 m) на новиот Espace се крие уште попространа внатрешност која може да прими до 7 патници

Новиот Espace е украсен со атлетски дизајн со нагласени раменици, а страничната стаклена површина на возилото се протега до самиот заден крај, па возилото изгледа особено тенко и елегантно. Задниот дел е намерно нагласен со спојлер на линијата на покривот.

Измерените пропорции на новата генерација на Espace се обликувани во согласност со актуелните трендови и светот кој брзо се менува. Иако е покомпактен за 14 cm, внатрешноста на новата генерација е малку поширока од сегашната (2,48 m, вклучувајќи го и третиот ред седишта).

Сè на сè, новиот Espace ги наследува карактеристиките што ги направија неговите претходници познати и гарантира удобност при подолги патувања со до 7 патници.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK