Kинезите покажаа суперавтомобил што може да се движи на три тркала (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Кинеската компанија BYD прикажа интересен суперавтомобил наречен U9 за време на автосалонот во Шангај. Автомобилот има четири електромотори, по еден за секое тркало и системска моќност од 1.100 коњски сили и максимален вртежен момент од 1.280 њутн метри.

Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае точно две секунди, а батерија со непознат капацитет во моментот обезбедува автономија од 700 километри со едно полнење.

Најинтересното нешто кај автомобилот, сепак, е неговата суспензија, тој се потпира на воздушни перничиња кои се способни за некои кул трикови за забава.

Еден од нив беше демонстриран за време на премиерата, кога автомобилот се појави на сцената потскокнувајќи. Системот е сличен на оној што се користи во Mercedes GLS и некои од класичните американски автомобили од тјунинг шоуата.

BYD U9

Друг трик што автомобилот го крие е возењето на три гуми. Во случај на дупната гума или друг проблем, автомобилот може да се движи со три гуми благодарение на модулите за суспензија што ќе го одржуваат автомобилот балансиран на патот.

BYD е исклучително горд на системот и вели дека може да биде исклучително корисен во намалувањето на превртувањето во кривина на минимум, како и во намалувањето на ризикот од превртување во свиок.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK