ЗНАЕТЕ ЛИ: Кој e најстариот европски производител на автомобили?

ОБЈАВЕНО НА:

Кој европски производител на автомобили, од оние кои во моментов постојат, е најстар? Ова е прашање кое иако изгледа дека лесно може да се даде одговор, одговорот е малку комплициран. Причината за тоа се огледа во фактот што некои од европските производители својата производствена активност најпрво ја започнале во други индустриски гранки, како на пример производство на велосипеди, храна и слично, а потоа се преориентирале на автомобили.

Сепак ако се користи Wikipedia како извор, во делот на основањето, најстар европски производител на автомобили е Opel. Официјалното основање на оваа компанија е 21 јануари 1862 година или пред 158 години. Основач на оваа компанија бил Адам Опел кој најпрво ја основал како компанија за производство на машини за шиење, а потоа и велосипеди. Сепак, првите авотмобили започнал да ги произведува во 20-те години на минатиот век.

Следат Skoda (1895) и Peugeot (1896), но и овие две компании на почетокот не се занимавале со производство на автомобили. Чешкиот производител произведувал велосипеди, а францускиот најпрво сол и други зачини, па велосипеди и компоненти за возила.

Ако поради својата првична дејност го исклучиме Opel како и Skoda и Peugeot од оваа конкуренција, тогаш за најстар производител е Renault. Францускиот производител е основан на 25 февруари 1899 година и тоа само неколку месеци пред Fiat (11 јули) кој е најстариот италијански производител на автомобили.

По овие производители следи Lancia која е основана од страна на Винченцо Ланча во 1906 година. Четири години потоа се формира Alfa Romeo како и Audi.

До почетокот на Втората Светска војна на сцена доаѓаат Maserati, BMW, Mercedes, Aston Martin, Volkswagen, Porsche, Volvo, Citroen и Ferrari.

По Втората Светска војна од актулените производители се формираат Seat, Lamborghini, Lotus, Alpine, Lada, Dacia…

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK