Големо намалување: Дизелот поевтинува од полноќ

ОБЈАВЕНО НА:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука од ноќеска бензините да поевтини за 1,5 до три денари за литар, а цената на дизелот се намалува за три денари.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за три денари за литар и ќе изнесува 88,5 денари. ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 1,5 денари за литар и ќе чини 90,5 денари.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за три денари за литар и сега ќе се продава за 90 денари, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,5 денари и ќе изнесува 85,5 денари за литар.

Како што истакнуваат од РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,907 отсто, кај дизелот за 2,173, кај екстра лесното за 2,145 и кај мазутот за 3,096 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,73 отсто.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK