За малку инцидент: Руско воено возило се обиде да престигне американско (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Интервенцијата на Русија во Сирија пред некоја година беше почеток на ескалацијата на односите помеѓу оваа голема сила со САД.

Во текот на воените интервенции на двете земји во Сирија, војските на двете земји неколку пати беа во близок контакт, но истите завршија без сериозни инциденти.

Токму еден инцидент се случи пред неколку денови во близина на градот Ќамишли, лоциран во северо-источниот дел на Сирија, во близина на границата со Турција.

Воено возила на руските сили GAZ Tigr се обиде да претекне американски конвој од десната страна и во моментот кога правеше маневар за претекнуваше, американско транспортно возило се обиде да му го пресече патот при што го истисна надовр од коловозот. Видеото од целиот инцидент можете да го погледнете во продолжение.

Нема информација кој победи на крајот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK