Volvo ја ограничува брзината во возилата на 180 км/ч!

ОБЈАВЕНО НА:

Досега најчесто максималната брзина на автомобилите што се пуштаат на патиштата е електроски ограничена на 250 км/ч., но од 2020 година во некои модели таа граница ќе биде спуштена на 180 км/ч.

Максималната брзина на сите модели во гамата на Volvo од 2020 година ќе биде ограничена по електронски пат на 180 км/ч, соопштуваат од шведската марка. Решението е дел од стратегијата Vision 2020, која треба да го елиминира ризикот од смртен случај и сериозни повреди при сообраќајна несреќа.

Според истражувањето спроведено од Volvo, опасноста од несреќа се создава најмногу поради три основни фактори, од кои еден е брзината. Кога таа е превисока ниту системите кај автомобилите, ниту патната инфраструктура можат да спречи сериозни повреди и смрт.

Освен што ќе ја ограничи максималната брзина на автомобилите, Volvo ќе ги истражува можностите автомобилите да намалат автоматски кога се покрај болници и училишта со помош на податоци од навигацијата. Освен брзото возење Швеѓаните сметаат дека главни причини за смртта во сообраќајните незгоди и невниманието зад управувачот.