Тешка будала! Поли со бензин и запали Mercedes-AMG GT 63 само за популaрност на TikTok (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

До каде може да се биде спремен за популарност на TikTok и останатите социјални мрежи? Овој 20 годишник, Михаил Литвин од Казахстан кој е популарен Тиктокџија во Русија и земјите од поранешен СССР направи потег кој предизвика големи реакции.

Под називот “Гори, гори јасно!” на YouTube се појави видео на кое е прикажано како Михаил истура бензин врз Mercedes-AMG GT 63 и го пали. Веројатно сакал да покаже дека „западните работи“ не се вредни, но…

За помалку од 24 часа ова видео е прегледано над 6,5 милиони пати на YouTube и истото можете да го погледнете во продолжение.

Се разбира, се што ќе се постира на социјалните мрежи не значи дека е добро. Напротив, веројатно е време кога и социјалните мрежи ќе треба да бришат поставки кои се надвор од нормаланото однесување.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK