(ВИДЕО) Вака се прави новиот Golf

На 24 октомври на светот му беше претставена новата, осма генерација од легендарниот модел Golf. Само 10-тина дена по премиерата, во Германија започна и сериското производство.

На интернет е објавено видео токму од производствениот процес на овој автомобил чија продажба во Германија стартува од следниот месец.

За развојот на автомобилот, прилагодување на фабриката, инсталирање на нови технологии за производство и дообука на вработените, германскиот производител вложи нешто над една милијарда евра, а амбициите се дека овој модел ќе биде најпродаваниот автомобил кој го носи знакот на Volkswagen.

Повеќе за овој нов модел на Volkswagen прочитајте ТУКА.