Си доби специјална регистарска табличка – сега автомобилот има Корона вирус

ОБЈАВЕНО НА:

Жител на градот Охајо во САД доби привремен број за својот автомобил, кој го носи името на Корона вирусот, кој и понатаму продолжува со постојаното ширење низ целиот свет. Сега на својот стар Fоrd Mustаng од 1986 гoдинa e мoнтирaнa табличка со натпис СОV1D19.

САД е единствената држава во светот каде што секој сопственик на автомобил може да си порача индивидуална комбинација од бројки и букви за регистарски број. Единствен услов е бројот да не биде навредлив или вулгарен.

Идејата да добие ваков број кај сопственикот на Ford Mustang дошла спонтано. Тој едноставно седел во бар со пријатели и разговарал за Корона вирусот. За време на разговорот одлучил дека би било забавно да се обиде да добие регистарски таблички за автомобилот со името на вирусот.

Следното утро тој отишол во бирото за транспорт во Охајо. Полицијата низ смеење го предупредила дека најверојатно ќе одбијат такво барње, но на крајот тоа не се случило. Досега добил само хартиен привремен број, но наскоро ќе му бидат издадени и постојани таблички.

На крајот од февруари  друг Американец добил 150.000 долари на суд, откако Министерството за транспорт одбило да му даде табличка со текст IM GOD (Јас сум Бог). Мажот кој има 80 години минал четири години во судска пресметка, но на крајот успеал да го добие долго очекуваниот број.

Добил 150.000 долари отштета зошто сакал да има ваква регистрација на возилото

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK