Претерано или не – гаража се продава за 995.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Цената на паркинг местата во Скопје во зависност од локацијата се движи од неколку па се до 15 илјади евра. Ако ова мислите дека е скапо тогаш треба да знаете дека во Амстердам паркинг место се продава за 995.000 евра.

Станува збор за гаража од 22 метри квадратни која се наоѓа во централното градско подрачје која располага и со гаражна порта со управување на далечина. Доколку не планирате да ја купите тогаш постои опција да ја изнајмите и тоа по цена од 990 евра месечно. Оваа цена е далеку помала во споредба со онаа за купување па оттука продавачот најверојатно сакал да предизвика големо внимание за продажбата на гаражата по оваа астрономска цена како би можел полесно да ја најми.

Иако огромна, оваа цена не е невообичаена за големите метрополи. Поради се поголемото купување на возила по глава на жител, паркинг местата во централните градски подрачја во Париз, Амстердам, Брисел, Лондон, Хонг Конг се продаваат често и по цена од 200 до 300 илјади евра.

За потсетување, пред една година во Хонг Конг една гаража беше продадена по цена од 870 илјади евра што досега беше светски рекорд.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK