Пожарна се превртен на вежба пред ученици (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Од само обична вежба наменета за ученици до трагедија. Тоа е накратко исходот од рутинската вежба одржана од страна на противпожарната единица во Унгарија.

Сè се случило кога на вежба во училишен двор возачот на пожарникарскиот камион возејќи кон запаленото возило изгуби контрола и се преврте.

Локалната полиција објави дека причините за несреќата не се познати, но најверојатно дошло поради нагло свртување на камионот.

Во моментот на превртување во камионот се наоѓале пет пожарникари. Сите се здобиле со повреди поради што веднаш биле префрлени во болница. Причинета е и материјална штета на камионот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK