Популарната Буба отсега и во пикап изведба

ОБЈАВЕНО НА:

Започна производството на пикап изведбата на популарната Буба, но не од страна на Volkswagen туку од американската компанија Smyth Performance. Станува збор за работилница која на својот официјален Фејсбук профил го објави својот прв проект во кој учество зема првата генерација од легендарната Буба.

Трансформацијата е радикална. Целиот заден дел го нема, а измена има и во линијата на кровот.

Доколку поседувате Буба од првата генерација и сакате да ја трансформирате во пикап треба да побрзата и да се обратите до оваа работилница. Така доколку сте во првите 100 ќе добиете одличен попуст и вашиот автомобил ќе стане пикап за само 2,750 американски долари, додека редовната цена изнесува 3,490 долари.

Оваа работилница исто така нуди и трансформација во пикап и за автомобилите Volkswagen Jetta, Golf, Audi A4, Dodge Charger и Subaru Impreza.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK