Официјално претставен Nissan Note

ОБЈАВЕНО НА:

Nissan продолжи со претставувањето на нови и обновување на постоечките модели со претставување на третата генерација на моделот Note.

Очекувано, третата гнеерација доаѓа идентично како и рендерите објавени изминатиот период. При тоа ја следи дизајнерската филозофија која беше аплицирана кај повеќето новитети објавени оваа година.

Интересно е што третата генерација димензионално е помала од претходната. Должината изнесува 4.045 мм, ширината 1.695 мм додека пак висината 1.505 мм. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.580 мм.

Оваа генерација доаѓа со електрификувана верзија во понудата која користи литијумско-јонска батерија која продуцира максимални 155 КС. Доаѓа и со неколку бензински мотори, но и погон на сите четири тркала.

Внатрешноста е целосно нова, далеку попривлечна од претходната генерација, со централно поставен екран осетлив на допир и дигитална инструментална табла. Внатрешнсота е збогатена и со нови покомфорни седишта, двозонска клима, бежичен полнач…

Јапонскиот произвдоител нуди големи можности за персонализирање на ентериерот, а во поглед на екстериерот може да се одбере помеѓу 13 еднобојни комбинации и неколку двобојни.

Продажбата на новата генерација во Јапонија стартува на 23 декември, а засега иако нема официјална потврда, моделот Note нема да дојде во европската понуда на Nissan. Цената на овој модел во Јапонија почнува од 16 илјади евра.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK