Нова мода – автомобилска дискотека (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Германија е земјата каде што има огромна автомобилска дискотека. Според правилата за забави во секој автомобил не може да има повеќе од двајца и беше невозможно да се излезе од автомобилите.

Во 2020 година, меѓу другото, ќе се видат и неколку нови начини на одбележување на празниците. Еден таков пример беше и автомобилската дискотека, а истата беше организирана на 1 мај во местото Шуторф.

Неколку стотици автомобили учествуваа во оваа дискотека на отворено. Големата забава траела три часа и постојано на огромната сцена ечела музика, на која луѓето се насладувале во паркирани автомобили.

И покрај строгите правила за изолација кои се актуелни во германија, возачите успеаја да се забавуваат без притоа да ги нарушат забраните, барем оние кои се поврзани со коронавирусот.

Луѓето танцуваа додека седеа во автомобилите, потскокнуваа и мавтаа со знаменца од прозорците. Организаторот на „автомобилската забава“ беше сопственикот на една од најголемите дискотеки во Германија, Холгер Бош кој изјави дека пандемијата целосно го парализирала неговиот бизниз оставајќи го практично без приходи.