Најдобрите 10 хибриди за 2019 година

ОБЈАВЕНО НА:

Еминентниот британски авто магазин Carwow ги рангираше најдобрите хибридни возила за 2019 година. Уредниците на ова списание при оценувањето се водеа по неколку критериуми како што се економичноста, продажната цена, одржувањето и други параметри.

Сосема очекувано на сите десет позиции се најдоа азијски производители, а предводници на листата е Toyota Motors со 6 автомобили.

Kia Niro се најде на 10. позиција зад малиот јапонец Yaris. Потоа следат Hyundai Ioniq, Lexus ES, Lexus RX, Honda CR-V, Lexus UX, Toyota Prius и Honda NSX.

Најдобро рангиран хибриден автомобил е хечбек изведбата од последната генерација на Corolla која освои најмногу поени кај едиторите на овој магазин.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK