Кога добивате потценувачки понуди за вашиот автомобил, решението е едноставно (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Ако не можете да го продадете автомобилот, а при тоа ви нудат многу малку пари за него решението е едноставно. Се што ви е потребно е багер.

Тоа е советот кој може да ви го даде Даниел Гаљарди кој неможејќи да го продаде својот автомобил реши да го уништи.

Станува збор за автомобил Dodge Charger од 1970 година. Даниел го огласил автомобилот по цена од 10 илјади американски долари, меѓутоа никако не можел да го продаде. Она што дополнително го изнервирало биле бројните повици од заинтересирани купувачи кои му нуделе далеку помалку од огласената цена.

Сето тоа влијаело да Даниел се одлучи на не толку популарен чекор – го уништи автомобило со помош на багер. Како излгедаше сето тоа погледнете на видеото во продолжение.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK