Клучевите заминуваат во историјата, отклучување со помош на мобилен телефон

ОБЈАВЕНО НА:

Развојот на технологијата која има повеќе од прогресивен карактер има позитивно влијание и врз автомобилската индустрија. Така, најновиот изум е поврзан со отклучувањето на автомобилот за што наскоро нема да има потреба од користење на традиционалниот клуч.

Јужнокорејскиот производител Kia го претстави т.н. дигитален клуч кој на корисниците им овозможува да го отклучат и стартуваат автомобилот со помош на смарт телефон.

Станува збор за користење на NFC (Near Field Communication) технологија со која доколку се приближи телефонот до вратата на возилото се воспоставува комуникација со чипот во возилотото и со помош на антената вратата се отклучува. Клучна улога игра и RFID (Radio Frequency Identification) технологијата која овозможува препознавање со помош на радиска фреквенција.

Првиот автомобил со оваа можност Kia ќе го претстави до крајот на годината, а овој изум наскоро треба да добие поголема примена кај новите автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK