Nissan го претстави Magnite концептот

ОБЈАВЕНО НА:

Незапамтената експанзија на Nissan продолжува и понатаму. По неколкуте концепти, нови модели и нови генерации од постоечките модели, јапонскиот производител претстави нов концептен модел.

Станува збор за моделот Magnite, кој претставува мал урбан кросовер со должина од речиси четири метри. Се базира на CMF-A+ платформата која ја користат неколку модели од Renault-Nissan-Mitsubishi Алијансата. Оттука Magnite ќе дели бројни компоненти како и Capture.

Располага со 1,0 литарски бензински мотор со 72 КС и 96 Nm. Во понудата место има и и за помоќниот мотор со 95 КС. Не се очекува помоќна мотористика од проста причина што станува збор за мал SUV со околу четири метри должина.

Nissan Magnite Concept

Во слободна продажба доаѓа во јануари следната година и тоа најверојатно ќе биде дел само од понудата на Nissan во Азија. Продажната цена не е позната, но истата се очекува да биде конкурентна на локалните конкуренти Hyundai Venue, Maruti Vitara Brezza, Tata Nexon, Ford EcoSport, Mahindra XUV300…

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK