Како изгледа Volkswagen T2 Bulli направено од 400.000 LEGO коцки

ОБЈАВЕНО НА:

Две лица, шест недели и 400.000 LEGO коцки беа параметрите, со кои располагале Рене Хофмајстер и Пасках Ленхард. Двајцата се дел од 12-те специјалисти во светот, сертифицирани од LEGO. Тие биле со задача да изработат копија на легендарното T2 Bulli во реални димензии.

Покрај тешкотиите, вклучувајќи го и недостатокот на 20.000 транспарентни блокови за стаклата и потребата од работа и во текот на ноќта.

Tандемот успеал да го направи класичниот модел на исклучителен начин, не и без помошта на модерната технологија, како и неколку различни 3D програми.

Како извор на податоци за склопениот T2Bulli од LEGO коцки од Хофмајстер и Ленхарф бил користен вистински претставител на кампер-моделот, произведуван од 1967 до 1971 година.

За разлика од него макетата тежи „само“ 700 килограми.

Димензиите му се габаритни. Должината е над 5 метри, ширината 1,9 метри и висина од речиси 2 метри, а со кренат таван конструкцијата крева на не помалку од три метри од земјата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK