Ford го покажа електричниот Mustang во реклама (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот производител Ford лансираше нова реклама. Во едноминутното видео, во кое главната улога ја има познатиот актер Брајан Кренстон, Ford меѓу другото, објавува и фотографија од електричната изведба на Ford Mustang.

Од рекламата може да се види новиот дизајн на Ford Mustang, логото во сина боја кое всушност ни покажува дека станува збор за електричен автомобил, како и LED светлата.

Ford не го потврдува овој новитет што значи во моментов се останува на ниво на шпекулација, а ова видео е единственото во кое се појавува дизајн кој најверојатно е новата генерација на Mustang која доаѓа и на електричен погон. Од претходно појавените информации кои се неофицијални, овој новитет доаѓа со 2.3 литарски мотор со десет степен автоматски менувач.

Инаку уште порано годинава од американскиот производител го објавија планот за електрификација и хибридизација на својата гама на автомобили. Така до 2022 година се очекува сите модели во понудата да бидат понудени со електричен и/или хибриден погон.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK