Што вози капетанот на Enterprise – Жан-Лук Пикард

ОБЈАВЕНО НА:

Во неодамнешното интервју на The Late Late Show со Џејмс Корден, актерот Патрик Стјуарт се присети на неговите почетоци во серијата Star Trek и истакна дека не трошел многу од своите хонорари, но и дека возел „најлош автомобил“ од сите актери во серијата

Култната серија која има над 450 продолженија и се прикажуваше со години на актерите им донесе вистинско богатство. Секој имаше свој актерски лик што најмногу му се допаѓаше, но главната улога му припадна на Патрик Стјуард кој го глумеше капетанот Жан-Лук Пикард

А кога имаш многу пари секако почнуваш да трошиш на работи што ги сакаш, и секако на автомобили, нови, спортски, луксузни… Сепак, актерот споделува дека во почетокот немал импресивни автомобили …

Во неодамнешното интервју на The Late Late Show со Џејмс Корден, актерот Патрик Стјуарт се присети на неговите почетоци во серијата Star Trek и истакна дека не трошел многу од своите хонорари

Овој 81-годишен актер истакна дека, иако неговиот живот се промени откако шоуто стана хит, тој не излегол да купи Bentley или Jaguar E-Type.

„Првата година или две од серијата Ѕвездени патеки, навистина заработував повеќе отколку што сум имал во животот“, открива тој. Но, актерот открива дека бил некако одговорен за своите пари, па дури и ако „не знаел колку доаѓа на сметка“, тој не трошел многу од тоа.

Неговото вистинско купување било половно возило, „мала симпатична Honda за возење“. Но, не кажа за каков модел станува збор.

Тој бил единствениот што возел таков незабележителен автомобил, бидејќи неговите пријатели тогаш купувале Porsche, и „еден од нив всушност купи авион“.

Патрик Стјуарт, исто така, сподели една мала анегдота дека, кога излегле на вечера во ресторан, неговите пријатели ќе му кажат да остане на тротоарот додека чекаат да го донесе автомобилот, па кога ќе се појави неговата „мала Honda “, тие ќе кажат дека тој не е со нив.

Актерот додаде дека „повеќе не е така“, бидејќи неговата колекција на автомобили сега вклучува фенси автомобили како McLaren 650S, Porsce Manamera и Porsche 911. Но, тој исто така има голема љубов кон стари автомобили како Cadilac DeVille,Ford Popular 1939,Austin A35.

Страста кон автомобилите, исто така, го натералa да сними неколку реклами за … Porsche.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK