Од незнаење или чатал? Руски влогер удри Porsche Taycan во салон! (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Многу често влогерите знаат да претераат. Последниот доказ за тоа доаѓа од Русија, а е во изведба на Михаил Литвин.

Литвин во еден изложбено-продажен салон стартуваше целосно ново Porsche Turbo S, а набрзо се придвижи напред при што удри во излогот од внатрешната страна. При тоа направена е мала штета на автомобилот кој во Русија се продава по цена од 12,3 милиони рубљи што е околу 165 илјади долари.

Ова видео се покажа доста популарно и за првите нецели 24 часа од објавувањето на видеото, тоа имаше веќе собрано над 3 милиони прегледи.

Инаку Литвин е истиот оној кој за голема гледаност на својот YouTube канал запали Meredes-AMG GT63S. Видеото од овој негов подвиг може да го погледете во продолжение.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK