Непопуларна мерка на Volkswagen – го прекина производството на познатите кобасици

ОБЈАВЕНО НА:

Бројни производители на автомобили уште пред 5-6 децении се одлучија да го диверзифицираат своето бизнис портфолио. Volkswagen е еден од тие производители кој пред 50 години започна со производство на познатата Volkswagen кобасица.

Сега, германските медиуми пренесуваат за една непопуларна мерка според која оваа кобасица ќе го изгуби својот традиционален вкус поради напуштање на досегашниот рецепт кој се применуваше цели пет децении.

Причината за оваа одлука е забраната за служење на месо во мензите ширум фабриките на Volkswagen во Германија, а верувале или не, ова доаѓа поради наводно се поголемиот број на работници – вегетаријанци и вегани.

За разлика од фабричкит мензи каде ќе биде во целост забранета уште овој месец, во рестораните ќе продолжи да се служи уште некој месец.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK