Казна од 100 евра ако возите побавно од 120 км/ч.

ОБЈАВЕНО НА:

Возачите најчесто добиваат казна доколку возат побрзо на автопатиштата, но на ово дел од автопат ќе бидете казнети доколку возите побавно. И не некоја брзина, туку треба минимално да возите 120 км/ч.

Одлуката за казна се однесува за оние што се Обединетите Арапски Емирати, односно во Абу Даби. Таму казната е 400 дирхами (100 евра) доколку не возат со минимална брзина од 120 км/ч на делови од важен автопат.

Новото минимално ограничување на брзината долж делот од 62 километри на патот Шеик Мохамед бин Рашид стапи на сила во април, со казни за возачите кои го прекршуваат законот од 1 мај.

Во извештајот на The National се вели дека новото минимално ограничување на брзината е дизајнирано да ги охрабри возилата што се движат побавно да се држат до двете ленти од десната страна.

Минимално ограничување на брзината од 120 км/ч. се применува на двете леви ленти на патот со четири ленти што ги поврзува Емиратите Абу Даби и Дубаи. Максималната дозволена брзина во сите четири ленти е 140 km/h.

Тешките возила, сепак, мора да останат на крајната десна лента и им е дозволено да се движат со максимална брзина од 80 km/h.

„Воведувањето минимална брзина има за цел да ја зголеми безбедноста на патиштата. Тоа ќе ги поттикне бавните возила да ги користат соодветните ленти“, рече генералниот директор на полицијата во Абу Даби, генерал Ал Мухаири.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK