Ова е најпопуларната боја кај новите автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Знаете ли која боја е најпопуларна при купувањето на нови автомобили? Студијата спроведена од страна на Axalta Групацијата која всушност е најголем производител на бои за автомобилската индустрија ни ги дава одговорите.

Според резултатите од студијата, дури 39% од продадените нови автомобили за минатата година биле во бела боја. Ова бележи голем пораст и драстично ја надскочува популарната сива боја која сега е дел од само 11% од продадените нови автомобили. Со ова оваа долго популарна боја се наоѓа на третата позиција.

На втората позиција со нагорен тренд се наоѓа црната боја која е присутна кај 16% од продадените автомобили минатата година. На една позиција зад сивата односно на четвртата позиција се наоѓа уште една долго популарна боја. Станува збор за сребрена боја која исто како и сивата е застапена кај 11% од автомобилите.

Со помалку од 10% на следните позиции се наоѓаат сината (7%), црвената (6%), смеѓата (5%), жолтата (3%) и зелената (1%) боја.

Студијата покажува и дека белата боја е најпопуларна во Кина каде дури 62% од автомобилите продадени минатата година се со бела каросерија. Црната боја пак, најнепопуларна е во Индија каде има процент од речиси 3%, а причина за тоа се локалните верувања поврзана со оваа боја.

Во најголемиот дел од светот многу непопуларна, сепак сината боја има присутност од нешто над 10% во Германија и САД. Иако на нивните знамиња се наоѓа црвената боја, сепак оваа боја воопшто не е популарна во Кина и Русија каде повторно популарна е белата како и неутрлните бои особено во Кина.

Каква е бојата на вашиот автомобил? Слободно пишете ни во продолжение.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK