Камаз – возило за „крајот на светот“ (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Инженери од Нижи Новгород, претворија КaмAЗ-43118 cо шест тркала во луксузно кампинг возило со седумметарска приколка во која има гаража, сауна и кино. Подвижниот имот чини 13.150.000 рубљи (158.000 евра), a без приколка сумата е 9.650.000 рубљи (115.940 евра).

Уникатното камп возило со камуфлажа е опремено со генератор, аспиратори, климатизација и 200-литарски резервоар со вода. На покривот се монтирани експедициски багажник и соларни батерии.

Едноставно, со него можете да одите каде сакате па дури и да го дочекате „крајот на светот“.

Кабината на возачот располага со место за спиење, одделен аудио систем, а во станбениот моделу со димензии 7.200 на 2.400 на 2.000 милиметри има кујна со печка-камин, трпезарија, спална со голем кревет, домашно кино, лед осветлување и санитарен јазол со туш кабина и сауна. Обезбедено е одделно подно греење.

Ви треба само добро друштво и мотив за авантура…

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK