Како хеликоптер слетува на кровот на Skоdа Kоdiаq (ВИДEO)

ОБЈАВЕНО НА:

Во една од златните години на Tоp Gеаr, Џереми Кларксон покажа колку е издржлив првиот теренец на Skoda, моделот Yeti набрзо откако беше претствен.

За да биде тестиран чешкиот модел, продуцентите на шоуто одлучиле да монтираат 100 килограми тешка платформа на таванот на Yeti, над која слета хеликоптер тежок 600 килограми.

Во Skоdа очигледно им се допадна идејата и во минатите денови покажаа сличен трик со последниот сув, обновената Skoda Kodiaq.

Најголемиот кросовер на Чесите исто така доби платформа на таванот, но овој пат беше моднирана директно преку попречните греди на покривот.

Од брендот од Чешка велат дека нема промени во однос на моделот користен во видеото, освен на задната суспензија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK