Jапонско такси им овозможува на клиентите да се релаксираат и да спијат неколку часа после работа

ОБЈАВЕНО НА:

Спиењето во автомобили не е невообичаено во Јапонија, каде што такси компанијата Daiwa Motor Transportation во соработка со брендот за пијалаци Chill Out го лансираше #SleepingTaxi. Возилото Toyota се движеше по улиците на Токио ограничено време помеѓу 30 август до 4 септември, нудејќи им бесплатно релаксирачко искуство на луѓето.

За оние кои не се запознаени со наменските возила во Јапонија, Toyota JPN Taxi беше претставен во производна форма во 2017 година, со висока каросерија, пространа кабина и 1.5-литарски хибриден ТНГ погон. Ова возило служеше како совршена основа за ова такси за спиење со серија модификации.

Влегувајќи во ова такси по напорниот ден, ќе најдете се што ви треба за да се опуштите. Портабл маса со многу пијалоци за опуштање (спротивно на енергетските пијалоци), растенија зад страничните прозорци покриени со екран, амбиентално осветлување, екран монтиран на предното седиште, полнач за телефонот и што е најважно удобна перница.

Со оглед на тоа што Toyota JPN Taxi има огромен простор за нозе, не е тешко некој да најде релаксирачка седечка положба. Нежната музика што се слуша преку звучниците и смирувачките видеа на екранот им помага на патниците да ги заборават грижите, додека за оние со чувствителни очи се нуди маска за спиење за еднократна употреба.

Граѓаните на Токио добро ја искористија оваа промотивна услуга бидејќи беше целосно бесплатна, нудејќи убаво искуство надвор од секојдневната рутина.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK