петок, 25 јули, 2025 година

Релито Дакар следната година само во една држава

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Следниот јануари трката Дакар рели првпат во историјата ќе биде одржана во само една земја. Оваа информаиција веќе беше потврдена од страна на организаторите.

Првата држава што ќе може да се пофали дека била самостоен организатор на трката Дакар рели ќе биде Перу. Следното издание кое ќе биде 41. по ред ќе има десет етапи и еден ден одмор, а почетокот и крајот ќе бидат во исто место. Натпреварувачите ќе тргнат од главниот град на Перу, Лима, а на истото место ќе ја имаат и целта.

- Advertisement -

Стартот е закажан за 6 јануари, додека финишот е планиран за 17 јануари доколку не се случи нешто непредвидено. Причината за ваквата одлука е неуспехот во преговорите со Чиле, Еквадор и Боливија.

„Перу нуди многу предизвици за возачите. Тоа тло е многу интересно бидејќи е доста растресито и лесно умее да ги измами возачите. Оваа година во Перу беше и несреќата на Себастијан Леб и на Нани Рома“, изјави директорот на трката Етијен Лавињ, кој верува дека следната година на трката одново ќе бидат најдобрите возачи од целиот свет.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја