Има 107 години и се уште вози кабриолет (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Џо Њуман од градчето Сарасота во Флорида, САД има 107 години, но засега не размислува да се симне од неговиот црвен Mercedes Benz SLK. Овој дедо го вози автомобилот од 90 години, заедно со негодвата Анита. Таа следниот месец треба да наполни 100 години

Тој е најстариот возач во САД. „Едноставно, јас сум добар возач, одговара Џо на секое и најмало сомневање во неговите возачки способности.
„Да, одличен возач е, клима со главата Анита, иако подоцна признава дека повеќе време сака да се вози со „затворени очи“.

Њуман вели дека се уште самиот става гориво во автомобилот и многу внимава на сообраќајните знаци, и не заборава да ги вклучи трепкачите кога е потребно. Самиот го проверува и нивото на масло во автомобилот.

Неодамна Џо ја продолжи важноста на возачката дозвола до 2022 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK