Фудбалерите на Атлетико Мадрид на тренинг со стара Fiat Panda (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Иако пред само неколку денови Hyundai на секој од фудбалерите на Атлетико Мадрид им подари по еден примерок од новата генерација на Tucson, дел од фудбалерите отидоа на тренинг со Fiat Panda.

Како што пренесува шпанскиот специјализиран спорт, Marca, во автомобилот се наоѓаат фудбалерите Јаник Караско, Томас Лемар, Марио Ермосо и Шиме Врсаљко.

Видеото кое се појави на интернет стана вистински хит, а од истото може да се види дека оваа стара Panda одлично се справува со снежното невреме кое го зафати Мадрид.

Инаку моделот Panda која во Шпанија се произведуваше под брендот на SEAT е всушност од првата генерација и датира од 80-те години на минатиот век.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK