Нов мистериозен руски бренд, пушта фантастичен електромобил (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот руски автомобилски бренд, Monarch стапува на сцена со нов електромобил од кој се очекува да биде фантастичен. Програмерите заклучиле дека во Русија недостигаат „домашни“ електромобили кои би биле со цена меѓу 1 и 17 милиони рубљи. До 1 милион тоа би бил електромобилот на Lada, а за 17 милиони ќе се продава премиум брендот Aurus.

Во меѓувреме, 90% од сите светски автомобилски производители работат на моделите на електричните возила. По тој показател, очигледно Русија одамна  заостанува. Најавените планови се амбициози. Треба да бидат создадени две платформи и тоа: J – компактна Junior и L – продолжена Large.

Во малата класа се најавени компактен кросовер, лифтбек и кросовер со средни димензии, додека во L – премиум седан и луксузен СУВ. Електричната можност ќе се состои од синхронизирани мотори со моќност од 50/75 кВт, монтирани на секоја од оските. Моќноста на возилата ќе биде меѓу 135 и 815 коњски сили.

Автомобилот ќе може да се полни од обичен штекер, а исто така испразнетите батерии ќе можат да бидат заменети целосно на специјални пунктови. Притоа смената ќе биде доста лесна за извршување, а деталите засега не се соопштуваат.

Исто така автомобилот ќе може да биде правен според барањата на клиентите, кои ќе можат да бидат сам свој конструктор. Се предвидува како заден, така и преден погон, но и погон 4х4. Monarch планира да ги продава автомобилите низ целиот све, а особен интересен за развој е во Кина. Само 20% од иновациските автомобили ќе останат во Русија, а 80% од електричните возила ќе бидат извезени.

Паралелно компанијата најавува и намери да изгради мрежа од станици за полнење, каде што освен што ќе се полнат автомобилите сопствениците ќе можат и да ги заменат батериите. Проектот е со седиште во Новосибирск, а батериите и електромоторите ќе се произведуваат по нова технологија. Брендот при тоа вети да го објави својот прв модел Concept S пред крајот на годината.

На фотографиите кои досега се објавени се гледа дека наводниот автомобил ќе има огромни дисплеи. На кровот ќе има панормамски стакла, а по целата должина на внатрешноста ќе има LED диоди. Самиот внатрешен дел ќе биде тапациран со кожа, алуминиум и хром. Во центарот на контролната табла ќе биде часовникот на Monarch.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK