Веќе нема поделба на машки и женски професии, иако во некои „понормално“ е тоа да бидат мажите. Пример: возач на камион! Замислете некоја убавица како менува гума, со валкани раце го поправа моторот.
Да и тоа е можно, па дури истата убавица да биде и дотерана, нашминката и ѕвезда на социјалните мрежи. Секако професијата значи постојано возење, седење во кабината со соочување со различни предизвици на патиштата.
Анжелика Ларсон од Шведска е вистински возач на тешки камиони. Но, исто така, благодарение на нејзиниот креиран профил на Инстаграм пред извесно време, денес таа е ѕвезда во подем на социјалните мрежи.
Неколку изданија веќе ја прогласија оваа русокоса Швеѓанка, родена во 90 -тите години, за „најсекси возач на камиони“.
Најубавата камионџика
Висока 154 см, русокосата бомба веќе неколку години вози камиони и друга тешка машинерија. Вели дека сонува да вози до Норвешка поради „лошите патишта“ за да ги тестира своите вештини.
Родена во Гавле, 150 километри од Стокхолм, Анжелика е фасцинирана од тешка механизација уште од мало девојче. Исто така, сака фитнес и транс музика. За неа, играчка е да смени гума на тежок камион.
Нејзиниот профил на Инстаграм веќе има над 260.000 следбеници, а нејзиниот канал на Јутјуб – 206.000 претплатници