Речиси сите производители на автомбили ја прифатија климатско-нетуралната мобилност како приоритет. Оттаму не е чудно што темата за водородот добива сè поголем замав. Поради оваа причина милијарди се влеваат во оваа чиста кауза.
Со оглед на тоа што за да се финансира апсолутно неопходната инфраструктура, 62 германски проекти сега треба да бидат финансирани од државата со над осум милијарди евра како дел од големата европска унија на водосот. Овие пари со сигуност се добро потрошени како инвестиција за иднината.
Се тврди дека 4,4 милијарди евра (50 проекти) од финансирањето ќе дојдат од Федералното министерство за економија и 1,4 милијарди евра (12 проекти) од Министерството за транспорт. Според федералната влада преостанатите средства ќе бидт обезбедени од одделните сојузни држави. Целта е јасна – мора да се активираат инвестиции со вкупна вердност од 33 милијарди евра, од кои над 20 милијарди евра се од приватни инвеститори.
Дванаесетте проекти, финансирани од Сојузното министерство за транспорт се однесуваат на развојот и производството на системи и превозни средства со горивни ќелии. Покрај тоа треба да се охрабри воспоставувањето на национална и прекугранична мрежна инфраструктура за полнење со водород.
Веќе има многу конкретни проекти во различни области за развој на употребата на водородот. Производителот на гас Linde неодамна објави дека ќе го воведе во користење најголемиот електролизатор во светот со линија од 24 мегаВати на местото на хемискиот плоштад Лоин во Саксонија-Анхалт до 2022 година.